29/03/2024
Охрид

Кинеска делегација во посета на Општина Охрид

Претседателот на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска денеска оствари протоколарна средба со делегација од Комитетот за социјални развојни работи на Националниот народен конгрес на Народна Република Кина. Делегацијата беше предводена од директорот на комисијата Хе Итинг.

На средбата беше разговарано за развиените пријателски и билатерални односи помеѓу Охрид и Република Северна Македонија со Народна Република Кина, како и за можностите за идна економска соработка. Гостите од Кина изразија задоволство за вчерашната одлука на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО, поврзана со Охридскиот регион.

Оваа висока кинеска делегација, во текот на вчерашниот ден оствари средби со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и со Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

Комисијата за социјални развојни работи е една од десетте комисии на Кинескиот народен конгрес и се занимава со прашања за вработување, социјална заштита, безбедноста при работа, заштита на правата на жените и децата.