29/04/2024
Охрид

Китески: СДС да не се мачат со реакции, прес-конференциите ги одржувам додека сум на одмор

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Александар Китески, по завршувањето на денешната прес-конференција упати апел до СДСМ Охрид, за како што рече да не се мачат со реакции, бидејќи овие прес-конференции ги одржува додека е на одмор, како потпретседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а не во функција на секретар на Општина Охрид.

„СДС да не се мачат со доставување на реакции во однос на моите прес-конференции, дека за време на работното време сум излегувал од работа, сум држел партиски прес-конференции. Јас кажав и минатиот пат, еве денес носам и Решенија, на 20-ти кога се држеше пресот имам одмор од 19-ти потпишан, за денешниот исто имам од вчера одмор. Овие прес-конференции ги одржувам додека сум на одмор. И ако треба цел одмор ќе го искористам и ќе ги извадам сите кривични пријави и сите криминалии што ги имаат правено изминатите години.“ – истакна Китески по завршувањето на денешната прес-конференција.


WebOhrid / 22.03.2024