Кривична пријава за две лица поради разбојништво на бензиска пумпа во близина на Велешта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.М.(24) од струшкото село Велешта и П.О.(27) од Либражд – Република Албанија.

Пријавените, казненото дело го сториле на трети август оваа година во 03:45 часот на бензиска пумпа во близина на Велешта. Тие, влегле во објектот и со вперен пиштол кон вработените, ги побарале парите од прометот, по што извршиле пребарување во фиоките. Притоа, противправно одзеле 23.563,оо денари и жетони во износ од 2.940,оо денари.