28/04/2024
ОхридСтруга

Посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга поради посетата на претседателот на Албанија

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните од Охрид и Струга, дека на 21 ноември 2023 година (вторник), на подрачјето на Охрид и Струга ќе има посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателот на Република Албанија, г-дин Бајрам Бегај.

За таа цел, Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.


WebOhrid / 20.11.2023 / СВР Охрид