27/04/2024
Охрид

Лишен од слобода охриѓанец кај кого биле пронајдени пиштол и куршуми

Денес (15.03.2022) во 12:25 часот на улицата „Партизански одреди“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.А.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг“ калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми.

За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.


WebOhrid / 15.03.2022 / СВР Охрид