Милевски и Арслани ги одредија фудбалерите за тренинг кампот во Охрид

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски и предводникот на селекцијата до 19 години, Шкумбин Арслани ги објавија фудбалерите на кои ќе сметаат за заедничкиот тренинг камп во Охрид за фудбалери од двете генерации. Селекциите до 19 и 21 година меѓусебно ќе одиграат два контролни натпревари. Првиот е закажан на 21. декември на стадионот „Билјанини Извори“ од 11:00 часот. Во истиот термин на 23. декември ќе се одигра вториот тест натпревар.

Шкумбин Арслани за петдневниот тренинг камп ќе смета на следните фудбалери:

МАКЕДОНИЈА до 19 години:

ГОЛМАНИ: Кире Новаков (ТРИГЛАВ КРАЊ, СЛОВЕНИЈА), Александар Ангелкоски (РЕНОВА), Иван Николоски (РАБОТНИЧКИ), Стефан Тасев (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.);

ОДБРАНА: Филип Костовски (СИЛЕКС), Дарио Марковски (МИНСТЕР, ГЕРМАНИЈА), Мартин Радуловиќ Величковиќ (ВАРДАР), Имран Фетаи (АПОЛОНИА, АЛБАНИЈА), Виктор Крстевски (ВАРДАР), Славе Маркоски (ОХРИД ЛИХНИДОС), Спасе Терзиев (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ);

СРЕДЕН РЕД: Димитар Тодоровски (РАБОТНИЧКИ), Иван Николов (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), Хамза Рамани (ВЕЛАЗЕРИМИ), Бехар Фета (ШКЕНДИЈА), Арда Окан Куртулан (ФЕНЕРБАХЧЕ, ТУРЦИЈА), Берат Калкан (КАСИМПАША, ТУРЦИЈА), Зуфер Шаини (БРИЊЕ ГРОШУПЉЕ, СЛОВЕНИЈА), Октај Ракипи (ШКЕНДИЈА), Дамјан Трајановски (ВАРДАР), Џемаили Бесар (ШКУПИ);

НАПАД: Фитон Адеми (ШКЕНДИЈА), Марио Илиевски (СЕПТЕМВРИ, БУГАРИЈА), Методи Максимов (РАБОТНИЧКИ);

Благоја Милевски, селекторот на македонската репрезентација до 21 година ги повика следните фудбалери:

МАКЕДОНИЈА до 21 година:

ГОЛМАНИ: Денковски Давид (БРЕГАЛНИЦА), Јакимовски Стефан (КАДИНО), Велковски Методија (ОСОГОВО);

ОДБРАНА: Алексовски Филип (КОРАБИ), Ѓурковски Александар (ВАРДАР), Иљази Ардит (ШКУПИ), Манев Јован (БРЕГАЛНИЦА), Додевски Кристијан (СИЛЕКС), Николов Матеј (ЗЛАТИБОР, СРБИЈА), Симуновиќ Марко (ТЕЛЕОПТИК, СРБИЈА), Георгије Јанкулов (ЖЕЛЕЗНИЧАР, СРБИЈА);

СРЕДЕН РЕД: Воша Арби (МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.), Димоски Бојан (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), Калпачки Давид (БЕЛАСИЦА), Алии Рамин (ШКУПИ), Ферати Бесник (ПАРТИЗАНИ, АЛБАНИЈА), Адем Али (АРИС, ГРЦИЈА), Рамадани Флорент (ШКЕНДИЈА);  

НАПАД: Љума Енсар (ШКЕНДИЈА), Мухарем Сухејљ (РЕНОВА), Ѓорѓиевски Марко (РАДНИЧКИ ПИРОТ), Бериша Јакуп (ШКУПИ), Скендери Емир (СТРУГА Трим Љум), Ивановски Зоран (БЕЛАСИЦА);