Одржан традиционалниот училишен крос во Дебрца

Денес со трка по улиците на Белчишта се одржа традиционалниот училишен крос. Честа да го овори овој крос и да им ги додели наградите на најдобрите ја имаше градоначалникот Зоран Ногачески.

„Честитки до сите ученици, учесници на кросот, а посебно до најдобрите.

Се надевам дека од нив ќе произлезат таленти кои еден ден ќе не репрезентираат на некое државно, а зошто не и на европско, светско или олимписко атлетско натпреварување.

Посебна благодарност до организаторот на кросот, ОУ „Дебрца“ и наставниците по физичко воспитување за успешно организираниот спортски настан.

Како локална самоуправа стоиме на располагање за уште поголема поддршка на сите спортски манифестации во општината.“ – истакна градоначалникот Ногачески.