28/04/2024
Охрид

Охрид се поклони пред својот заштитник Св.Климент Охридски

Со поклонение пред   моштите на Свети Климент Охридски  во истоимениот манастир на   Плаошник  претпладнево продолжија чествувањата посветени на заштитникот на Охрид.

Делегација од општината положи  свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на  ООУ „Свети Климент Охридски“  по што делегации од  локалната власт,  од збратимени градови со Охрид како и  останати претставници од политичкиот и јавниот живот  се поклонија и положија цвеќе  пред  момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад.  

Прославите посветен на Св. Климент Охридски заштитникот на Охрид завршуваат вечерва со прикажување на филмот  Раскажи песно: „Охрид, Охрид убав мил“ од  познатиот македонски режисер Илија Пиперскоски . Почетокот на настанот е закажан во 19ч. во големата општинска сала.

Polaganje_cveke_081223001Polaganje_cveke_081223002Polaganje_cveke_081223003