26/04/2024
Охрид

Охриѓанец со закани кон скопјанец, му барал 600.000 денари и му го оштетил возилото

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „оштетување“. Тој, во неколку наврати во изминатите шест месеци, со закани, на лице од Скопје му барал парични средства во износ од 600.000 денари, а во два наврата, извршил оштетување на неговото патничко возило „лексус“.