20/04/2024
Охрид

Повредено едно лице во сообраќајка во близина на Буково

На 26.07.2021 во 16.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид- Ресен, во близина на депонијата Буково, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(70) од Прилеп и товарно возило „исузу“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(56) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Л., констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.