Пожар на брегот од Охридско Езеро, на потегот од Струга кон Калишта

На 02.05.2021 околу 15.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на брегот од Охридско Езеро, на потегот од Струга кон с.Калишта, настанал пожар во кој изгорела трска и сува трева. Пожарот бил изгаснат екипи на Територијалната противпожарна единица Струга. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.