26/04/2024
Охрид

Предвреме заврши акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“

Поради огромниот интерес,  акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“ што традиционално ја организира Општина Охрид по повод  5- јуни, Светскиот ден на животната средина започна и заврши денес, а беше предвидено да трае два дена.

Предвидените  400 жардиниери со саксиско цвеќе за кратко време беа поделени на жителите од улиците: „Момчило Јорданоски“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „1-ви Мај “, „Вангел Николоски“, „Дебарца“, „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата, населба Рача, населба Горно и Долно Коњско и с.Пештани.

Проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ се реализираше во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“.