27/04/2024
Македонија

Премиерот Заев на средба со Нина Костовска: Да продолжиме да креираме општество еднакво за сите, во кое различноста е можност, а не пречка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со Нина Костовска, наша сограѓанка од Тетово, која својот живот го поминува со Даунов синдром.

Во разговорот со премиерот Заев таа ја раскажа својата приказната и животен пат, како и предизвиците со кои секојдневно се соочувала, но исто така истакна дека во ниту еден момент не се откажала, ниту пак помислила на тоа.

Таа ги живее и извршува сите вообичаени активности, како што тоа го прават нејзините врсници, и дипломираше на Факултетот за македонски јазик и книжевност, истовремено помагајќи во аптеката на нејзините родители. 

Нејзиниот животен став, Нина Костовска, како едно од заштитните лица на УНИЦЕФ, го пренесе и во кампањата „See the ability not the disability” и низ разговорот со Претседателот на Владата на РМ Заев ги потенцираше како позитивни системските промени што се остварија или што се спроведуваат во рамките на политиките за креирање општество еднакво за сите, во кое се почитуваат различностите како можност, а не како пречка, за вклучување во општествените текови.

Во разговорот со премиерот Заев таа ја прифати понудата да биде времено ангажирана како библиотекар во библиотеката на Владата на РМ.