19/04/2024
Струга

Приведен стружанец кај кого биле пронајдени кокаин и марихуана

На 21.09.2020 година, во 18:30 часот, во ОВР Струга приведен е Д.О.(64) од Струга. При преглед извршен на улицата „Ристо Крле“, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа една најлонска опаковка со опојна дрога кокаин. Дополнително, при извршен претрес во неговиот дом, пронајдена е марихуана.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.