08/05/2024
ДебрцаОхрид

Приведен жител од Белчишта кај кого била пронајдена марихуана

На 10.03.2023 година во 15:20 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, приведен е Љ.О.(50) од селото Белчишта, општина Дебрца.

При преглед во автомобил „Алфа Ромео“ со кочански регистарски ознаки, што тој го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле опојна дрога марихуана.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 11.03.2023 / СВР Охрид