27/04/2024
Струга

Приведени крадци во Струга, фатени на дело

На 02.11.2023 во 14:00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги приведоа Г.Н.(51) и Л.Н.(45), двајцата од Кичево.

Тие беа затекнати при кражба во продажен објект во Струга. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 03.11.2023 / МВР