26/04/2024
Охрид

Прва награда за ученикот Лео Наумоски од ОУ „Григор Прличев“ на Манифестацијата за популаризација на природните науки

И оваа учебна година Лео Нелоски VI одделение при ОУ „Григор Прличев“ Охрид учествуваше на Манифестацијата за популаризација на природните науки НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2019 ГОДИНА. Лео оваа година се натпреваруваше во областа физика на тема: Паскалов закон и хидраулика и негова примена, ја освои I награда.

Активен на многу полиња, ученикот се натпреваруваше во повисока категорија, но имајќи го во предвид неговиот огромен интерес за науката, неговата посветеност и трудољубивост, успехот не изостана.