28/04/2024
Спорт

Резултати од III Општинско првенство во шах „7 Ноември 2023“

Вo просториите на OOУ „Братство Единство“ Охрид, денес (05.11.2023), во чест на 7 Ноември ден на ослободување на Охрид, во организација на ШК Ласкер Охрид, со поддршка на Општина Охрид се одржа III Општинско првенство во шах „7 НОЕМВРИ 2023”.

Се играше во 7 кола Швајцарски систем, темпо на игра 10’05. Учество зедоа 27 шахисти, меѓу кои и 1 девојка.

Најуспешен беше Велкоски Стојан со 6 поени од 7 партии, втор беше Лушески Константин со 5,5 поени, а третото место го освои Алексовски Александар со 5 поени и најдобар бухолц во споредба со шахистите кои имаа 5 поени Шапкароски Гоце (четврто место) и Су Ерол (петто место), шестото место го освои Видиќевски Ванчо со 4,5 поени, најдобар млад шахист роден 2009 и помлад Молкоски Димитри со освоени 3,5 поени.

Годишната програмата на ШК Ласкер Охрид, е финансиски поддржана од Општина Охрид.

Во продолжение комплетната конечна табела.


WebOhrid / 05.11.2023 / ШК Ласкер