05/11/2024
Спорт

Се инсталира најсовремен систем за наводнување на стадионот „Билјанини Извори“

ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Фудбалската федерација на Република Северна Македонија започна со реализација на активности за инсталирање на најсовремен систем за автоматско наводнување на градскиот стадион „Билјанини Извори“.

Според планираното, ќе бидат инсталирани 33 прскалки со сонда за наводнување на почвата. Новиот систем ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на фудбалскиот терен и ќе ја намали потрошувачката на вода.

Поради непречено одвивање на работните активности, стадионот ќе биде затворен за користење до 3-ти април 2021.