18/04/2024
Охрид

Со новите снежни врнежи дежурните екипи веднаш на терен

Со новите снежни врнежи кои го зафтија охридскиот регион уште од синoќа дежурните екипи на Ј.П. „Охридски Комуналец” излегоа веднаш на терен. Се интервенираше со сета расположива механизација, а денес уште од раните утрински часови се расчистуваат јавните пешачки патеки,  пешачки премини, чаршијата, пристапи до институции и други површини според приоритет.