05/12/2024
Спорт

„Спорт за сите – сите за Спорт“ со благодарност за успешната реализација на „Охрид трчаТ 2018“

Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ која стои позади Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ преку соопштение во јавноста сака да им се заблагодари на сите од срце за вклучувањето во успешното организирање на спортската манифестација на која учествуваа 1090 вљубеници во трчањето и спортот воопшто.

„Најпрво, сакаме да им се заблагодариме на охриѓани со кои уште еднаш се покажавме добри домаќини. Мора да ги пофалиме Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид за прецизноста и безбедноста на тркачите и спроведениот сообраќаен режим, Пожарната Охрид, Општината Охрид и Градоначалникот Јован Стојаноски за подадената рака, сите јавни претпријатија во Охрид, преставниците од Сојузот на училишен спорт, спонзорите без кои не би можеле, волонтерите и волонтерите на освежителните станици кои се душа на овој проект, помагателите и медиумите кои се верна сенка по патот на нашиот успех. Најважно, како организиратори ни беше спортската манифестација во Охрид да помине безбедно, без проблеми и повреди, а тоа и се случи. Јавните пофалби многу ни значат, а насоките кои ги добивме ќе ги прифатиме веднаш за уште подобар Атлетски викенд следната година. Се гледаме во Охрид!“ – изјавија од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“.

Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ во живо беше пренесуван на ју тјуб каналот, а фотографиите од настанот и видео материјалот дополнитело објавени. На второто издание во женска конкуренција триумфираше Оливера Јевтиќ од Србија, а во машка Кениецот Стенли Кипруто.