28/03/2024
Охрид

Стенд Ап Комедија со Марјан Ѓоргиевски (сабота 05.06.2021) ќе има “вакцинирање”!

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид Ве поканува на Вакцинален Stand up comedy со Марјан Ѓоргиевски во САБОТА 05.06.2021 година, ќе има “вакцинирање” во Центарот за култура „Григор Прличев” – Охрид, со почеток во 20:00 часот.

Сите граѓани на градот Охрид и околината по сите можни протоколи (маски, растојание и дезинфекција) се поканети да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат против глупоста, политиката, тик токот, учебниците, кинезите и лилјаци, Бил Гејц, 5џи, евровизија, инфлуенсерки. Ваксајн ис каминг.

Цена 200 денари. Влез на публика од 19:30 часот, почеток 20:00 часот!

!! НАПОМЕНА !! Задолжително носење заштитна маска! За време на настанот важи протоколот кој е одобрен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на настани во затворен простор. Бројот на билети е ограничен на 30% од капацитетот на големата сала. За повеќе детали околу протоколите обратете се во Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.