25/04/2024
Охрид

Уште една еко-акција на охридските активисти

Десет активисти и граѓани денеска собраа 15-тина вреќи ѓубре од плажата кај поранешната детска болница во Охрид.

Чист Охрид заедно со Енхелеус Лихнид и Еко Туризам исчистија уште една мини депонија создадена од несовесни граѓани.

„Повторно упатуваме апел да се собира ѓубрето што го создаваме сите ние и да го одложуваме таму каде што му е место. Тоа е првиот чекор кон унапредување на животната средина за која сите ние треба да се грижиме!

Благодарност до сите што учествуваа, се гледаме на друга акција, за почист и поубав Охрид!“ – велат од Чист Охрид.


WebOhrid / 06.02.2022 / Чист Охрид