Утре во Годивје ќе се одржи манифестацијата „Ѓомлезијада 2019“

Утре сите патишта ќе водат во црквата Св.Спас, село Годивје, општина Дебрца на манифестацијата „Ѓомлезијада 2019“.

Манифестацијата започнува со правење на народниот, локален, специјалитет – ѓомлезе и е од натпреварувачки карактер. За истата, пријавени се 13 учесници.

Притусните ќе ги забавуваат Благоја Грујовски, Татијана Стефановска, Спасе Матлијоски и Прима Бенд.