27/04/2024
Виц

Виц

Една мајка го однела својот мал син кај познатиот и прочуен психијатар, Зигмунд Фројд, и почнала да му се жали:

– Докторе, моето синче тотално се промени во последно време. Ги тепа другите деца, ги малтретира животните. Знаете, го уби и нашето куче кое долги години беше како член од семејството, а сите риби од аквариумот ги закачи на чечкалици. Докторе, помогнете ми, што да правам со него?

Фројд го прегледал малиот, му поставил неколку прашања па и рекол:

– Момчето е пред пубертет, а тоа често води кон насилно однесување. Ќе му помине тоа многу брзо. Госпоѓо Хитлер, нема никаква причина за паника!