20/05/2024
Дебрца

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Ногачески вашите лаги немаат крај

ОК на ВМРО – ДПМНЕ Дебрца испрати реакција на демантот од градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Очигледно на Ногачески го боли вистината и само вистината и повторно сака да ја манипулира јавноста со неговите извртувања и префрлања на одговорноста на други, очигледно заборави дека е Градоначалник на Дебрца и ги заборави ветувањата, а за нештата да бидат појасни нашиот градоначалник веднаш кога ја дозна предлог локацијата од министерството за животна средина веднаш одржа прес конференција со која се огради од ваквата идеа и ги искористи сите правни инструменти вклучувајќи и одржување на референдум за кој вие тогаш бевте категорично против и ја замајувавте јавноста како и сега дека тој непревзема ништо за отфрлање на депонијата.

Меѓутоа очигледно ве боли вистината а таа се поблиску е да излезе на површина и ќе излезе пред жителите на Дебрца , а вие ќе останете истиот лажго кој ветуваше брда и долини само да стигне до целта и го оствари личниот интерес. Господине Ногачески времето за клевети ви помина време е да им ги остварите ветувањата бидејќи граѓаните секојдневно ги очекуваат било да се лични или општествени.

Помина времето на вашето седење во просториите на општина Дебрца,седејќи зад компјутер пљукајќи ги проектите на нашот градоначалник со кои и во ваше време може да се гордеете сликајќи се на настаните кои се одржуваат во нив, бидејќи ваши проекти немате!“– стои во реакцијата.