Вонредна крводарителска акција на Црвен крст во сабота (10.09.2022)
За да се задоволат потребите од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 10.09.2022 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10:00 до 14:00 часот.
Црвен крст Охрид ги повикува нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.
WebOhrid / 05.09.2022 / Црвен крст Охрид