26/04/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски на средба во Поградец за подготовката на новиот план за сливот на Охридското Езеро

Градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, заедно со директорот на МЈП “Проаква” Владимир Алексијески и претставници на Хидробиолошкиот завод од Охрид, зедоа учество на состанокот, кој во рамките на Дримскиот процес се одржува во Поградец, Албанија.

На состанокот, на кој се дискутираше околу подготовката на заедничкиот менаџмент План за сливот на Охридското Езеро, покрај охридскиот градоначалник, присуствуваше и градоначалникот на Поградец Едуард Капри, како и Дејан Пановски, национален координатор на ГЕФ Дримскиот проект.

Кон средината на мај во Охрид беше презентиран веќе изработениот почетен извештај за изработка на планот за управување со сливот и беа посочени принципите и чекорите за изработка на самиот План за управување.

Изготвувањето на планот за управување со сливот на Охридското Езеро,  како алка која недостасува беше потенциран и на Петтата Конференција на заинтересираните страни за управување со Дримскиот басен, што во месец ноември минатата година се одржа во Подгорица, Црна Гора. Со овие чекори кои се превземаат, се реализира компонента која е од голема важност за управувањето со ресурсите со кои располага поширокиот регион на Охридското езеро.