28/04/2024
Македонија

IN MEMORIAM: Почина Вера Бранѓолица, доајен на македонската балетска сцена

На 82-годишна возраст, вчера почина балерината Вера Бранѓолица, родена Божиновска, една од основоположниците на балетската сцена во Република Македонија…

Родена е во Скопје, 1936 година и од 14-годишна возраст ја започнува нејзината плодна кариера во балетот, во којашто има остварено многу улоги во нејзината матична куќа – Македонската опера и балет.

Нижо и средно балетско училчиште завршува во Скопје, во класата на Ѓорѓи Македонски и Нина Кирсанова. Од 1949 до 1976 година таа е член на Балетот при МНТ. Како истакната солистка, изрзаено музикална и со извонредно чувство за драматуршко обликување на улогите, таа има одиграно многу улоги во безброј балетски претстави меѓу кои: Кармен во „Кармен“ од Жорж Бизе, улога со која ја заврши својата професионална кариера, Воденичарка во „Трирогатата шапка“ од М. Де Фаља, Тамара во „Тамара“ од М. Балакирјев, Дадилка во „Ромео и Јулија“ од С. Прокофјев, „Танц на Кадетите“, цигански танц во операта „Травијата“, Дон Кихот и многу други.

Посмртните останки на Вера Бранѓолица ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел, денес од 14:30 до 15:30 часот. Погребот ќе се изврши во 15:30 часот. Комеморација во чест на Вера Бранѓолица ќе се одржи во Македонската опера и балет утре во 12:30 часот.